Меѓу земјите од Западен Балкан од денеска се патува само со лични карти

грчка граница грција ГП Богородица Евзони
Граничен премин / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Договорите за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, за признавање на високо-образовните квалификации и за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти кои што беа потпишани лани на 3 ноември денеска стапуваат на сила во Македонија, Албанија и Косово.

Наскоро се очекува овие договори да стапат на сила и во останатите три држави потписнички, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, согласно завршените правни процедури кај нив.

Како што соопшти МНР, со овие договори се воспоставува слободно движење на луѓето само со лични карти во рамките на Западен Балкан; се овозможува мобилност на студентите, професорите и академските работници, додека процедурите за признавање се скратуваат од неколку месеци на две недели и без трошоци; докторите на медицина, забарите и архитектите ќе можат своите услуги да ги нудат слободно низ регионот.

– Секој од овие договори дава специфична можност да им помогне на нашите граѓани да го искористат својот потенцијал, да ги прошират своите искуства и да придонесат за доброто на нашиот регион. Договорите претставуваат значаен чекор напред во нашите напори да им овозможиме на граѓаните слобода на движење и интеграција, како услов за воспоставување на заеднички регионален пазар, што ќе претставува најбезбеден и најбрз пат кон исполнување на нашата заедничка цел – членство во Европската унија – вели министерот Бујар Османи.

Инаку, македонското Министерство за надворешни работи е избрано за депозитар на овие важни договори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот