„Меѓаши“ ќе испрати официјален допис до МТСП и МОН за одржување на настава на отворено и без маски

1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Препораките на „Меѓаши“ за престој на отворено за децата во градинките и училиштата ќе се претворат во официјален допис до министерствата за образование и наука и труд и социјална политика. Од „Меѓаши“ велат дека нивното барање е поддржано од стручни лица, педијатри и лекари кои ќе укажат на штетноста на долго носење маска и последиците по здравјето на децата.

– Очекуваме надлежните од МОН и МТСП заедно со директорите на училиштата да изнајдат начини и да го искористат убавото време, креативноста и можностите на училишните дворови и да прилагодат дел од наставата да се одвива надвор, на отворено, за да им се овозможи на децата слободно да дишат. Скратувањето на наставата и должината на часовите е уште една брза и ефикасна мерка која може веднаш да се спроведе за да се избегнат други здравствени проблеми предизвикани од долгото носење на маски. Од друга страна, престојот на отворено е од исклучителна важност и за децата од предучилишна воздраст, иако за нив носењето маска не е задолжително, велат од „Меѓаши“.

Оттаму нагласуваат дека од почеток не размислувале нивната препорака да ја официјализираат во службен допис, но поради сериозноста на проблематиката сметаат дека само на тој начин можат  да бидат сигурни дека препораката ќе се разгледа и според неа ќе се дејствува во градинките и училиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот