Меѓаши: Досега ниту една партија не била казнета за непочитување на забраната за злоупотреба на децата во политички кампањи (ВИДЕО)

Во 1991 година е донесена Декларација за заштита на децата од злоупотреба во политички кампањи, истата е ратификувана во 1993 година. Сепак, се уште се злоупотребуваат децата во политички кампањи. Ова за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ го истакна Јорданка Черепналкова – Трајкоска од Првата детска амбасада во светот – Меѓаши.

-Иако со изборен законик се забранува злоупотребата на децата во предизборни кампањи, се уште има случаи кои потврдуваат повредувања на правата на децата. До нас стигна информација за манипулација на деца во политичка кампања, и затоа уште минатата недела апелиравме до политичките партии да внимаваат на правата на децата. Тие не се ниту инструмент, ниту декор во политичка партија, објаснува Черепналкова – Трајкоска.

Таа потсетува дека никој досега не ги консултирал децата кога требало да се донесат одлуки кои се однесуваат на нив.

– На децата треба да се мисли 365 дена во годината, како да се подобрат нивните услови за образование, социјални услуги, се што се однесува на нивниот развој. Одговорен политичар ќе го земе во предвид мислењето на децата за работите кои нив ги засегаат, во спротивно станува збор за манипулација, објаснува Черепналкова – Трајкоска.

Таа вели дека детето треба да биде прашано дали сака да учествува во одредена кампања, а при тоа политичарот треба да биде сигурен дека детето ја разбрало кампањата и политиката на одредена политичка партија.

– Во самиот Изборен законик има став од членот 76, кој забранува учество на деца во политички кампањи, но сепак и покрај тоа, досега ниту една партија не била казнета за непочитување на оваа забрана. Можеби тука треба да ја бараме причината за непочитување на забраната за злоупотреба на децата во политички кампањи, вели Черепналкова – Трајкоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот