„Меѓаши“ бара невакцинираните деца да се школуваат дома

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ во врска со последните настани во врска со уписите и почетокот на тековната учебна година, преку соопштение изразува загриженост поради фактот што има деца кои би требало да бидат прво одделение, а сè уште се надвор од образовниот систем поради непримени вакцини согласно календарот за имунизација.

Од друга страна пак, министерот за образование и наука, Арбен Адеми, денеска во изјава за медиумите истакна децидно дека Закон нема да се менува и дека за упис во училиштата останува на родителите обврска да приложат потврда за вакцинален статус на своето дете.

Од Првата детска амбасада Меѓаши апелираат до Владата да го преиспита заклучокот донесен на 135. седница на 14 мај, каде во точка 32 заклучува „(1) Во било кое училиште можат да се запишат исклучиво деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда”, понатаму: „(2) Во сите училишта да се примаат пријавите за упис во училиштата и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите се додека не биде приложен соодветен документ/потврда за вакцинација”.

Според Детската амбасада Меѓаши, со горе наведените заклучи, а особено со првиот заклучок цитриран погоре, се врши и поттикнува директна дискриминација по основ на законот за основно образование, а со заклучокот број 2 се создаваат услови на конфузија меѓу образовната управа задолжена да постапува по пријави за упис на деца во градинка и училиште, како и меѓу родителите.

Ја поттикнуваме Владата, со цел почитување на правото на најдобар интерес на детето, да ги разгледа опциите како што се: учење од дома (homeschool), учење на далечина (distance learning) и други форми на образование актуелни во светот, кои и тоа како ќе олеснат и ќе обезбедат соодветно образование признаено во светски рамки за деца и младинци кои имаат потреба од нетрадиционална форма на образование, наведуваат од „Меѓаши”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот