Мегароман: „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски

Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски. Според рецензентката Елена Конеска, по романите „Спектатор“ и „Америка“, како и низа поетски збирки и збирки раскази, одговорно е да се очекува и воопшто не изненадува фактот што од писателското перо на Кујунџиски се појави мегароман, каков што е „Сфинга на гневот“.

– Не е нескромно да се каже дека поновата македонската книжевност, речиси, и да не познава роман напишан со толкава опсежност во историско-митолошките истражувачки практики, кои, пак, служат како цврст темел за сместување и за подигнување на носечката приказна на романот. Оваа база на која стапнуваш уште од првите страници и продолжуваш да се движиш по неа до крајот на романот, те вооружува со сигурност и доверба да чекориш низ авантурите, мистериите и пресвртите што следат понатаму до самата разрешница на околу триста страници неизвесност – напиша Конеска.

Романот „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски, според писателот Владимир Јанковски, е „комбинација од трилер и книжевна мистификација, со фина нота на љубов и верба во литературата. И еден лик занесеник по книги, речиси невозможен ендемичен вид во изумирање. Нетипично дело во контекст на македонската романескна продукција во последните години, книга која и тематски и жанровски излегува и од досегашното прозно творештво на Кујунџиски“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 53, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-18 октомври 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот