Меган во раскошен фустан, Кејт во поконзервативно издание, а принцовите се држат на дистанца (ФОТО)

Profimedia

Поминаа четири месеци откако Меган Маркл и Кејт Мидлтон со своите сопрузи се појавија заедно на некој настан. Сепак, Денот на сеќавањето на жртвите од Првата и од Втората светска војна не можеа да го пропуштат и покрај нетрпеливоста меѓу двајцата принцови.

In line with royal tradition, Meghan, right, and Kate were pictured on separate balconies, with Kate joining the Queen, 93, left, and Duchess of Cornwall, 72, on the main balcony

Со оглед на изборот на аутфитот, се чини дека и војвотките се натпреварувале, но на посуптилен начин.

За оваа прилика припадниците на кралското семејство мора да носат темна облека, па обично се облекуваат во црна или темносина боја.

Меган се појавила во црн фустан од раскошен брокат со нешто потворено деколте, кое предизика големо внимание. Носела темно сини салонки од брендот „Deneuve“, кои чинат 620 фунти и црна ташна.

Поради моделот на фустанот што го носеше, низ медиумите веќе почнаа да се шират шпекулации дека Меган е бремена.

Megan Markl
Profimedia

Нешто поконзервативната Кејт облекла многу едноставен темносин фустан, кој ја истакнувал нејзината витка линија, а за тоа придонел и елегантниот црн каиш од плиш. Комбинацијата ја надополнила со држач за коса од популарен шпански бренд од 20 евра, кој е еден од водечките трендови сезонава.

Kejt Midlton
Profimedia

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот