Меган веќе нашла нова работа, откриено што ќе прави со заработката

Instagram
Instagram

Првата работа на Меган надвор од кралството веќе е позната.

Војвотката од Сасекс и сопруга на британскиот принц Хари, Меган Маркл се согласи да го сними својот глас за Дизни, а продукциската куќа за возврат ќе донира средства во добротворното здружение за заштита на слоновите, објави лондонскиот Тајмс.

Меган и Хари го шокираа кралското семејство во средата, кога неочекувано најавија дека се откажуваат од кралските должности со цел да поминат повеќе време во Северна Америка и да „станат финансиски независни“.

Тајмс не откри за кој лик Меган ќе го даде својот глас, но објави дека Дизни за возврат ќе донира средства во добротворното здружение „Elephants Without Borders“.

Тајмс не го наведе изворот на информацијата, а Дизни и портпаролот на Меган се уште не ја коментираа оваа информација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот