Меган Мекејн „удри“ по уредничката на „модната библија“: Ана Винтур и „Vogue“ се една од причините што имаме толку токсичност во модната индустрија
Американската колумнистка и телевизиска водителка Меган Мекејн, во емисијата „The View“ упати критики кон магазинот „Vogue“ но и кон долгогодишната главна уредничка на „модната библија“, Ана Винтур, пренесуваат странските медиуми.
View this post on Instagram
„Ана Винтур има долга историја да не става модели на кориците, да не става луѓе од различни раси, а има и многу проблематична слика за тоа како треба да изгледаат жените. Мислам дека Ана Винтур и „Vogue“ се една од причините што имаме толку токсичност во модната индустрија, па затоа јас завршив со „Vogue“ на долг рок“, рече Меган.
View this post on Instagram
Mекејн вели дека јавноста не мора да ѝ верува, доволно е да се погледне филмот „The Devil Wears Prada“.
На насловната страница на „Vogue“ за месец август, деновиве се најде американската прва дама Џил Бајден, па Мекејн исто така беше прашана што мисли за фактот дека Меланија Трамп никогаш не се појави на насловната страна.
View this post on Instagram
„Не бев обожавателка на семејството Трамп, очигледно, дури ни на самата Меланија Трамп. Сепак, никој не може да го негира фактот дека беше модерна прва дама. Значи, ако вашето списание се занимава исклучиво со мода, таа требаше да биде на насловна стрна“, рече Мекејн.
View this post on Instagram
„И уште еднаш, навистина се надевам дека „Vogue“ ќе почне да се извинува за своето длабоко, интензивно, расистичко наследство“, заклучи таа.