Меган Маркл за забраната на абортус: Хари е феминист

меган маркл
Меган Маркл и Принц Хари / Фото: EPA-EFE/REMKO DE WAAL

Меган Маркл ја коментираше одлуката на Врховниот суд заодземање на уставното право на абортус во некои држави во САД.

„Никој не треба да биде принуден да донесе одлука што не сака да ја донесе, или не е сигурен или си го доведува животот во опасност. Искрено, без разлика дали се работи за жена која е доведена во незамислива ситуација, жена која не е подготвена да основа семејство, па дури и двојка која заслужува да го планира своето семејство на начин што ќе има најголема смисла за неа, се работи за тоа дека мораат да имаат избор“, изјави Меган за магазинот „Вог“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by fan page (@harrymeghan_sussexes)

Таа ги покани мажите да бидат дел од разговорот.

„Мажите треба да бидат гласни бидејќи тоа се одлуки кои влијаат на односите, семејствата и заедниците во целина. Можеби се насочени кон жените, но последиците нè засегаат сите нас. Мојот сопруг и јас разговаравме многу за ова во последните неколку дена. Тој е феминист“, призна војвотката.

Меган Маркл се осврна и на абортусот што го претрпе во 2020 година, пред раѓањето на нејзината ќерка Лилибет.

„Знам какво е чувството на абортус, за што зборував и јавно. Колку повеќе го нормализираме разговорот за работи кои влијаат на нашите животи и тела, толку повеќе луѓето ќе сфатат колку е потребно да има заштита на секој чекор“, рече таа.

Инаку, Меган за првпат проговори за абортусот во колумна за „Њујорк Тајмс“.

„Да се ​​изгуби дете значи да се носи речиси неподнослива тага, која многумина ја доживеале, но за која малку се зборува“, напиша таа во ноември 2020 година.

Маркл откри дека тоа утро започнало како и секое друго.

„Откако му ја сменив пелената на Арчи, почувствував остар грч. Се симнав на подот со него во раце, му потпевнував приспивна песна за двајцата да бидеме мирни, веселата мелодија беше во целосна спротивност со моето чувство дека нешто не е во ред… Знаев, додека го држев своето првородено дете, дека го губам второто…“, тогаш изјави таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот