Меган Маркл откри дека летово доживеала траума: Војвотката со болка и тага раскажа дека претрпела спонтан абортус

Instagram

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, призна дека имала спонтан абортус во текот на летото и откри за чувството на „скоро неподнослива тага“.

Знаев, додека го гушкав своето првородено дете, дека го губам второто“, напиша Маркл за „New York Times“.

Instagram
Instagram

Маркл рече дека го загубила своето второ дете откако едно утро во јули оваа година, неочекувано почувствувала „остар грч“. Неколку часа подоцна, од болничкиот кревет гледала како се крши срцето на нејзиниот сопруг додека се обидувал некако да ја утеши.

Instagram
Instagram

Опишувајќи го трагичниот момент кога сфатила дека „нешто не е како што треба“, таа напиша: „Откако му ја сменив пеланата на Арчи, почувствував остар грч. Паднав на подот со него во рацете, потпевнувајќи приспивна песна за да нè смири двајцата, весела мелодија како силен контраст на моето чувство дека нешто не е како што треба“.

Instagram
Instagram

Меган Маркл е првиот (неофицијален) член на британското кралско семејство која ја опиша „неподносливата тага“ и отворено прозборе за абортус. Меган и принцот Хари го добија своето прво дете Арчи на 6 мај 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот