Меган Маркл верува дека кралското семејство ковало завера против неа?

Бившата војвотка од Сасекс, Меган Mаркл, верува дека постоела завера против неа од страна на членовите на кралското семејство за да се уништи нејзината репутација.

Меган Маркл / Фото: Профимедиа

Меган мисли дека сè почнало кога се вселила во Кенгсингтонската палата со принцот Хари во 2018 година. Меган верува дека сакале да ја нарушат нејзината репутација откако се омажила со Хари за да го растурат нивниот брак, пренесуваат странските медиуми.

Меган Маркл и прицот Хари / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

„Беше убедена дека постои завера против неа, па буквално се самоизолираше кога се преселија во Фрогмор“, рекол нејзин пријател.

Меган Маркл / Фото: Профимедиа

„Мислам дека се чувствуваше како аутсајдер од самиот почеток. Ова не беше живот на каков што беше навикната и сакаше да си замине оттаму. Почна да се чувствува изолирано и да и недостасуваат мајка и и пријателите од Лос Анџелес. Тоа што ја мачеше Меган е фактот дека не заработува пари. Отсекогаш работеше и мислам дека не се чувствуваше исполнето. Желбата за финансиска независност беше една од најголемите причини за заминување.“, открива тој.

Меган Маркл и Хари во Лос Анџелес / Фото: Дејли мејл

Без оглед на пишувањето на медиумите дека Меган и Хари не се снашле добро во Лос Анџелес, тие развиле пријателство со Адел и со Леонардо Дикаприо.

Меган Маркл и Хари / Фото: Profimedia

„Сигурна сум дека нивниот друштвен живот ќе се развива на вечери и на журки во Лос Анџелес, каде што ќе бидат опкружени со луѓе на кои можат да им веруваат“, рекла Мелани Бромли, уредничка на популарниот канал „Е News“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот