Меган Mаркл сподели нова слика од Арчи по повод Денот на мајката (ФОТО)

принтскрин/Instagram

„Им оддаваме почест на сите мајки. Оние кои биле, кои се и оние кои ќе бидат. Им честитаме на сите. Денес е Ден на мајката во Америка, Канада, Австралија, Јужна Африка, Кенија, Јапонија и во земји во дел од Европа. Ова е првиот Ден на мајката на војвотката од Сасекс“, стои во објавата на инстаграм-профилот ‘Duchess of Sussex’.

принтскирн: Instagram

За оваа посебна пригода, Меган и принцот Хари споделија нова фотографија на Инстаграм, покажувајќи ги ноџињата на нивното бебе. Со фотографијата исто така ѝ се оддава почит и на мајката на Хари, принцезата Дајана. На сликата која е направена во нивниот дом во Виндзор, омиленото цвеќе на Дајана, познато како „незаборав“, може да се види во позадината.

Објавата за помалку од еден час собрала повеќе од половина милион лајкови, а луѓето ширум светот на војвотката ѝ го честитаа Денот на мајката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот