Меган Маркл се сретна со Бијонсе, пејачката доцнела дури 90 минути (ФОТО)

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Славната пејачка Бијонсе и војвотката од Сасекс, Меган Маркл, за време на премиерата на филмот „Кралот на Лавовите“ ја имаа првата средба во живо во Лондон.

Британските медиуми објавија детали од бекстејџот тврдејќи дека нивната прва средба сепак не поминала толку добро.

Додека се прегрнувале и бакнувале пред камерите, позади сцената владеела напнатост, а атмосферата ја подгреале советниците на Меган Маркл и принцот Хари.

Тие не биле воодушевени од тоа што познатиот „шоубиз“ пар, Бијонсе и Џеј Зи, доцнат на премиерата односно тоа што пристигнале после претставниците на кралското семејство, што според протоколите е забрането.

Британските медиуими откриваат дека причината за доцнењето било тоа што се скинал долгиот фустан во златна боја на Бијонсе и таа не сакала да облече нешто друго, па поради тоа со сопругот задоцниле дури час и половина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот