Меган Маркл се појави на шоуто „America’s Got Talent“ и расплака еден од натпреварувачите

Меган ги изненади учесниците и гледачите на финалето на шоуто „America’s got talent“, а особено учесникот Арчи Вилијамс кој се натпреварува како пејач. Таа реши да му испрати специјална порака.

Имено, Меган снимила видео со порака до 59-годишниот Арчи, кој по грешка бил осуден на 36 години затвор, а бил ослободен минатата година. Неговата животна приказна ја трогнала 39-годишната Меган која решила да го изненади на свој начин.

Instagram

„Здраво Арчи! Само сакав да ви кажам дека вашата приказна толку многу нè трогна што секоја недела навиваме за вас! Се гордееме и навиваме за вас, едвај чекаме да ве видиме повторно. Ние сме со вас“, му рече Меган.

Меган се пошегува дека нејзината поддршка не е само заради името, со оглед на тоа и нејзиниот син се вика Арчи.

Арчи, од друга страна, беше во потполно неверување кога ја виде и слушна Меган. Нејзината порака навистина го расплака.

Instagram

Арчи бил осуден за наводно силување на 31-годишна жена уште во 1982 година врз основа на несигурни докази и изјавата на жртвата дека изгледал како напаѓач. Казната ја поминал во затвор сѐ до моментот кога базата на податоци за отпечатоци на ФБИ не ја докажала неговата невиност во 2019 година.

Instagram

 

Тоа беше последното јавно и телевизиско појавување на Меган, бидејќи таа и принцот Хари се обидуваат да го зајакнат својот „бренд“ во Америка, каде привлекоа големо внимание деновиве.

Тие покажаа отворен гнев кон сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп и открија дека својот глас на претстојните избори ќе го дадат на Џо Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот