Меган Маркл победи во судскиот процес против еден од најголемите британски таблоиди

Profimedia
профимедиа

Војвотката од Сасекс и сопруга на принцот Хари, Меган Маркл победи на судскиот процес против „Associated Newspapers“ по цели две години.

Меган Маркл имаше разумни очекувања дека содржината на писмата ќе остане приватна, а она што се пишуваше ги прекршија тие очекувања“, рече судијата Марк Ворби.

Profimedia
Profimedia

За потсетување, пред две години, Меган му испрати приватно и емотивно писмо на својот татко кој живее во Мексико. Делови од писмата беа објавени од таблоидите Mail on Sunday“ и „MailOnline“ во сопственост на „Assoicated Newspapers“.

Му благодарам на судот што побара одговорност од тие весници за нивните незаконски дела и дехуманизација“, изјави Маркл.

Таа додаде дека парите што ќе ги добие преку решавање на судскиот спор ќе бидат донирани во добротворни организации кои се борат против врсничкото насилство, пишува „NBC News“.

epa-efe
EPA-EFE / FACUNDO ARRIZABALAGA

Во текот на судењето на виделина излегоа и документи кои сведочат за твдењето на Меган дека се чувствувала незаштитена од страна на кралското семејство додека била во центарот на вниманието за време на нејзината бременост.

Беа прикажани и пораките на принцот Хари до нејзиниот татко, неколку дена пред нивната венчавка, во кои го моли да престане да комуницира со медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот