Меган Маркл: По венчавката ми го зедоа пасошот, возачката дозвола, клучевите…

Profimedia
Фото: Профимедиа

Меган Маркл синоќа изнесе многу шокантни тврдења за нејзиниот живот во британското кралско семејство во интервјуто со Опра Винфри. Поранешната војвотка од Сасекс изјави дека имала самоубиствени мисли за време на нејзината прва бременост затоа што била изолирана и осамена.

Маркл вели дека ѝ била одземена слободата

Откако станав дел од кралското семејство, веќе не ги видов мојот пасош, клучевите, возачката дозвола“, истакна Меган.

Не можев да одам на ручек со пријателите, да се дружам и да живеам нормален живот. Бев насекаде и никаде“, тврди таа, чие ментално здравје, како што вели, било сериозно загрозено.

Меган во својата исповед пред светската јавност сподели дека кога била бремена со Арчи дознала дека детето нема да добие титулата принц или принцеза. Во палатата се дискутирало дури и за бојата на кожата што ќе ја има нејзиното бебе уште пред да се роди.

Маркл и Хари велат дека се разочарани што кралското семејство прекинало да ги финансира и веќе немаат осигурување откако ги напуштиле своите кралски должности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот