Меган Маркл најави нова соработка со „Netflix“: Анимирана серија која ќе ги слави извонредните жени низ историјата

меган маркл, принц хари
Фото: Принтскрин / Instagram

Меган Маркл подготвува анимирана серија во продукција на „Netflix“ насловена „Pearl“ – „Бисер“. Имено, станува збор за заедничка продукција на компанијата на Хари и Меган „Archewell Productions“ и „Netflix“. Меган ќе биде во улога на продуцент, пренесува „Deadline“.

Серијата ги следи авантурите на 12-годишно девојче, кое наоѓа инспирација кај разни влијателни жени низ историјата. Заедно со Меган, во продукцијата се и Дејвид Фурниш, Каролин Сопер, Лиз Гарбус и Дан Коган. Извршен продуцент е Аманда Ринда.

Како и многу девојки на нејзина возраст, нашата хероина тргнува на пат кон самооткривање додека се обидува да ги надмине секојдневните животни предизвици. Воодушевена сум што „Archewell Productions“, во партнерство со моќната платформа „Netflix“ и овие неверојатни продуценти ќе создадат нова анимирана серија која ги слави извонредните жени низ историјата“, посочи Меган.

Меган и принцот Хари потпишаа повеќемилионски договор со стриминг сервисот „Netflix“ пред неколку месеци и се шушкаше дека нивниот прв проект ќе биде документарната серија „Heart of Invictus“. Хари требаше да се појави пред камерите на таа документарна серија, но снимањето на истата беше одложено за неколку месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот