Меган Маркл може, но Кејт Мидлтон НЕ СМЕЕ да ја носи оваа боја на кармин

epa-efe
Фото: EPA/STEPHANIE LECOCQ

И Кејт Мидлтон и Меган Маркл се војвотки во кралското семејство, но протоколарните правила за нив значајно се разликуваат.

Пред неколку месеци Меган се појави со црвен кармин на усните, а тоа ги изненади обожавателите на кралското семејство, бидејќи досега не виделе ниту една членка да го носи.

Кралскиот протокол наложува дискретност и суптилност кога е во прашање шминкањето, но веќе на сите им е јасно дека за Меган не важат истите правила како за Кејт Мидлтон.

Всушност, војвотката Кејт има многу поодговорна задача. Нејзиниот сопруг има големи изгледи во блиска иднина да стане крал, а таа кралица, а со тоа доаѓа и поголема одговорност кога изгледот е во прашање.

Од друга страна, принцот Хари е шести во редот за наследување на тронот, по своите татко, брат и внуци од брат, а со тоа и мали се шансите еден ден тој да стане крал. Затоа за него и за неговото семејство не важат строгите протоколарни правила, како што е случајот со принцот Вилијам.

https://www.slobodenpecat.mk/megan-markl-otkri-kulinarski-trik-od-nejzinata-kujna/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот