Меган Маркл има СОВРШЕН ракопис! (ФОТО)

Profimedia

Меган Маркл како глумица има поделено голем број автограми, но како војвотката од Сасекс тоа не ѝ е дозволено.

Се одлучи да го смени службениот потпис, а стручњаците велат дека сега ѝ е совршен!

Калиграфијата, односно убавиот ракопис, ѝ е омилено хоби меѓу другите, преку кое претходно успевала да си ги плаќа аудициите.

    Profimedia

Војводата и војвотката од Сасекс за време на службената кралска турнеја низ Африка ги полнеа медиумите се фотографии на кои омилената Меган Маркл дели прегратки и селфи фотки со обожавателите.

Ваквиот начин на однесување ѝ е добро познат бидејќи често го применувала истиот пристап на црвениот тепих, за време на нејзината актерска кариера.

Сепак, поради својата кариера ѝ било многу вообичаено и природно да дели автограми во таквите моменти, но по преземање на титулата на војвотка, морала засекогаш да се откаже од таа навика.

Всушност, постои оправдана причина зошто кралското семејство не дели автограми. Тоа е бидејќи постои голема можност од фалсификување на потписите на членовите од кралското семејство, затоа тие се потпишуваат само на службени документи.

Profimedia

Нова должност – нов потпис

Со оглед на тоа  што Меган има поминато извесен период како успешна глумица, таа има поделено безброј автограми. Кога стана полноправен член на кралското семејство, таа одлучи да го смени својот службен потпис. Нејзиниот нов стил на потпишување е видлив на службените документи, поканите и честитките, кои ги потпишува за време на извршување на своите службени кралски должности. Бидејќи сè што прави војвотката се наоѓа под лупа на јавноста, така во фокусот се најде и нејзиниот ракопис. А доколку може да се верува во искуството на графолозите, тој е едноставно совршен.

Profimedia

Пишувала покани за да може да ги исплати своите сметки

Ова не ги чуди нејзините познаници, бидејќи таа за нив е позната како вешта калиграфка. Како што откри во едно интервју во 2013 година за списанието „Есквајр“, сакала калиграфијата уште додека била во основно училиште.

Во оваа вештина се вљубила уште за време на часовите по ракопис во католичкото училиште, па така продолжила да ја негува и во наредните години. Таа исто така правела покани и дописи со чија помош ја финансирала својата актерска кариера.

„Ќе седев на едно место со мали бели чорапи на моите раце, со цел да не ја извалкам картичката со мастило, за да можам да си ги платам трошоците за време на аудициите“ – се присетила таа. Помеѓу нејзините клиенти се нашле и многу богати и славни личности, така што ракописот на Меган ги има красено поканите за венчавката на пејачот Робин Тик и Паула Патон, па и поканите за ревијата на престижниот моден бренд Долче и Габана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот