Меган Маркл и Хилари Клинтон тајно се сретнале во Лондон – Слободен печат
ЖенаМагазин

Меган Маркл и Хилари Клинтон тајно се сретнале во Лондон

Посетата не поминала без принцот Хари и малиот Арчи со кого Хилари, наводно си играла додека зборувала за својот внук Џаспер.

Како што пренесува магазинот „Пипл“, британската војвотка Меган Маркл во вторникот се запознала со бившата прва дама на Америка, Хилари Клинтон и тоа на таен состанок.

Хилари ја посетила Меган во лондонската резиденција, а изворот тврди дека двете жени при запознавањето се прегрнале и го поминале попладнето заедно.

На состанокот, кој бил далеку од очите на јавноста, тие две меѓу другото разговарале и за писмото кое Меган ѝ го напишала на Хилари кога имала само 11 години, а во кое барала да се укине една ТВ реклама која Меган ја сметала за сексистичка.

„Двете многу се воодушевуваат една од друга и ова беше една топла и пријатна средба“, рекол извор за странските медиуми.

Посетата не поминала без принцот Хари и малиот Арчи со кого Хилари, наводно си играла додека зборувала за својот внук Џаспер, кој е роден во јули оваа година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close