Меган Маркл го искористи интервјуто со Опра, сака да биде првата жена претседател на Америка!

Поранешната актерка, а сега војвотка од Сасекс Меган Маркл (39) ќе го искористи своето интервју со Опра Винфри за да започне политичка кариера која може да ја одведе дури и до фотеља во Белата куќа, ако се покажат точни гласините што кружат во Вестминстер минатата недела, пишува „Дејли мејл“.

Лабуристот на Тони Блер тврди дека г-ѓа Маркл се поврзала со демократите за да изгради кампањи и тимови и соберла средства за претседателската трка. Се шпекулира дека таа сака да биде првата жена претседател на Америка. Извор близок до војвотката од Сасекс одби да ги коментира обвинувањата.

Во текот на минатогодишните избори во САД, Меган и принцот Хари „во ракавици“ покажаа дека не го поддржуваат Доналд Трамп (74). Тие ги повикаа гласачите да го „отфрлат говорот на омраза“, што портпаролот на парот го опиша како „повик за пристојност“. Самиот Трамп изјави дека не е обожавател на Меган, а ја почитува кралицата Елизабета Втора.

Исто така, пријателка на војвотката за магазинот „Ванити фер“ минатата година изјави дека една од причините што Меган не се откажала од американското државјанство со стапувањето во бракот со принцот Хари била и тоа што можеби еден ден ќе се занимава со политика во Америка.

Како што откри друг извор близок до кралското семејство, Маркл никогаш не криела колку ја фрустрирал фактот дека, откако се свршила со Хари, мора да се повлече од политиката, исто како и сите членови на кралското семејство, и не смееше политички да се изјаснува.

Меган никогаш не ја криеше својата приврзаност кон Барак и Мишел Обамаа, а и нејзината, сега веќе поранешна кралска помошничка, Сара Латам, работела за Хилари Клинтон во нејзината претседателска кампања, во која се бореше против Трамп.

Интересно е дека, во 2018 година, самата Меган ѝ признала на блиска личност дека нејзината крајна цел е да стане американска претседателка, а за тоа сонувала уште како девојче.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот