Меган Маркл е бремена! Хари веќе го одбра името

Profimedia
Profimedia

Седум месеци откако го роди првото дете, Меган Маркл е повторно бремена и чека девојче, пренесува порталот Newidea. Гласините за тоа започнаа откако Меган на почетокот од месецов е снимена во јавност како се држи за стомак, а бидејќи тоа го правеше постојано додека беше бремена со синот Арчи, јавноста заклучи дека тоа може да значи само едно.

Според пишувањето на магазинот ОК!, Меган е трудна околу 4 месеци и чека девојче.

Странските медиуми тврдат дека британската кралица веста ја дочекала со воодушевување и е пресреќна што кралското семејство ќе биде побогато за нов член.

„Изјави дека едвај чека ново внуче“, пишува New Idea, а пресреќни наводно биле и Меган и Хари.

„Отсекогаш велеа дека би сакале да имаат две деца со мала разлика во годините. Кога Меган дозна дека го чека второ дете, само неколку месеци откако го роди Арчи, таа и Хари беа вон себе од среќа. Хари веќе го одбра името Дајана, по неговата покојна мајка. Меган сосема се сложи со тоа бидејќи знае колку му значеше мајката“, изјавил анонимен извор за New Idea.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот