Меган Маркл е бесна поради излегувањето на „бомбастичните мемоари“ од нејзината полусестра

Instagram

Како што тврдат извори блиски на сопругата на принцот Хари, Меган Маркл нервозно го чека излегувањето на бомбастичните мемоари кои ги пишува нејзината полусестра Саманта Маркл, и кои ќе откријат многу, за јавноста непознати детали од животот на војвотката од Сасекс.

Следниот месец на полиците во американските книжарници стигнува книгата „Дневникот на сестрата на арогантната принцеза, прв дел“, чиј автор е 56-годишната Саманта Маркл, во јавноста позната како постарата полусестра на Меган Маркл. Како што открија од „Барнс и Нобл“, книгата која ќе излезе на 1 февруари, ќе открие дури 330 страни сè уште неоткриени тајни за семејството Маркл.

Саманта во минатото неколку пати јавно ја осуди Меган во изјави за медиуми, нарекувајќи ја „плитка“, „нехумана“, „војвотка на глупоста“ и уште многу погрдни имиња.Instagram

Бомбастично најавувани, мемоарите создадоа непријатности кај Меган Маркл, која како што тврди извор близок со неа, „со грч во желудникот“ го чека нивното излегување. Меган наводно е многу вознемирена, што е оправдано, но од друга страна нема намера јавно да покаже дека тоа ѝ пречи. Како што стои во најавата на книгата, таа треба да открие дека работите не се онакви какви што изгледаат, особено во светот каде што општеството нè дефинира какви сме, како живееме и како гледаме едни на други. Покрај тоа, самата авторка се нашла среде медиумски хаос откако открила скриени тајни за семејството.

Иако двете полусестри последен пат се виделе уште во дамнешната 2008 година, Саманта многу самоуверено зборуваше за својата сестра, речиси како да се виделе вчера, и беше прилично критички настроена кога раскажуваше за нејзиниот карактер.Instagram

Дека има намера да пишува книга Саманта Маркл откри уште во април 2008 година, кога врската на нејзината сестра со принцот Хари стана јавна, а минатата година го најави и продолжението.

39-годишната Меган моментално престојува во Санта Барбара со принцот Хари и нивниот син Арчи. Таа претходно ги отфрли обвинувањата нарекувајќи ги „апсурдни“, велејќи дека нејзината полусестра воопшто не ја познава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот