Меган и Хари регистрирале фирма за чорапи, дуксери, моливи…

Профимедиа

Меган се збогува од потпетиците, од (здодевните) миди здолништа, и сега носи практична гардероба.

Меган Маркл и принцот Хари се „разведоа“ од кралското семејство. што е факт. Кралицата Елизабета Втора се налути, Чарлс се закани дека ќе им ги скрати буџетите за Сасекс, Вилијам рече дека е разочаран од неговиот помлад брат, а Кејт ја искористи ситуацијата за да се покаже во беспрекорна облека. Што е со Хари и Меган?!

Парот на револуцијата се чини дека не излезе губитник, напротив! Хари е прилично задоволен од нивната потрага по економска независност што ја надминува благосостојбата што ја доделува круната. Во прашање се многу проекти, како што откриваат британските медиуми, пред неколку недели војводата и војвотката од Сасекс веќе ја регистрирале својата марка „Сасекс Ројал“ на стотици производи и услуги. Вклучувајќи моливи, чорапи, па дури и дуксери.

Меган Маркл беше фотографирана за време на прошетка во Ванкувер. Вниманието на медиумите таа го предизвика со нејзиниот потполно нов изглед. Меган се збогува од потпетиците, од (здодевните) миди здолништа и шик палта, и сега носи практична гардероба. При прошетката, Меган е овековечена во црни хеланки, маичка и тренерки. И чевли за кои никогаш не би сонувала да ги покаже за време на службените должности како принцеза. Изгледот е надополнет со воено- зелена волнена капа, додека косата ѝ е врзана во странична плетенка. Со неа го носи и Арчи,  а со нив се и саканите кучиња Оз и Гај.

И што е најважно – изгледа многу среќна!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот