25.8 C
Скопје

Меган и Хари го потврдија првиот проект во соработка со „Netflix“

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го најавија својот прв проект од нивниот мултимилионски договор со „Netflix“.

„Archewell Productions“, во партнерство со Фондацијата „The Invictus Games“, ќе објави документарна серија на „Netflix“ наречена „Heart of Invictus“.

Принцот Хари ќе се појави лично во документарната серија, но ќе учествува и како извршен продуцент преку продуцентската куќа „Archewell Productions“ која ја основаа заедно со неговата сопруга Меган Маркл.

Приходите од соработката се очекува дека ќе играат клучна улога во финансирањето на нивниот нов живот во Калифорнија, по одлуката да го напуштат британското кралско семејство минатата година.

„Heart of Invictus“ ќе ги прикаже приказните на поединци кои се натпреваруваат на спортскиот настан поддржан од принцот Хари. Игрите „Invictus“ се наменети за поранешни војници кои се натпреваруваат во повеќе спортови, а игрите ги основаше самиот принц Хари во 2017 година, кој служеше војска во Авганистан.

youtube
принтскрин

Неодамна тој во интервјуто со Опра Винфри рече дека никогаш не замислувал дека ќе создава содржина за стриминг услуги како што се „Netflix“ и „Spotify“, но бил принуден да преземе некаков чекор за неговото семејство.

Тоа беше предложено во моментот кога моето семејство буквално прекина да нè финансира, и јас морав да обезбедам финансиска сигурност за нас… Од моја перспектива, сè што ми требаше беше доволно пари за да можам да платам за обезбедување за моето семејство“, изјави Хари.

Поврзани вести

ФОТО: Елена Ристеска ужива на плажа во розово бикини

Слободен Печат

ФОТО | Анџелина Џоли има нова тетоважа: Актерката го украси телото со позната изрека од Галилео Галилеј

Слободен Печат

„Охрид фест – Охридски трубадури“ со Фолк и Интернационална вечер на 10 и 11 септември

Слободен Печат

Не паничете: Што да направите ако ви се заглави коска од риба во грлото?

Слободен Печат

Испит

Слободен печат

Дневен хороскоп за 18 јуни: Потпрете се на својата интуиција

Слободен Печат

Остави Коментар