Меган Фокс прозборе за катастрофалното искуство со шампањ: Веќе не пијам

меган фокс
Фото: Принтскрин / Instagram

Меган Фокс неодамна гостуваше во емисијата „Would You Wear It Now?“ и ги коментираше своите модни избори низ времето. Меѓу другото, се потсети и на нејзиното катастрофално искуство на доделувањето на наградите Златен глобус.

Актерката се присети на своите стајлинзи во кои се појавила на јавни настани низ годините, вклучувајќи го и златниот фустан од Ралф Лорен, кој го носеше на церемонијата во 2009 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

„Мразам да ја носам косата вака. Имам огромно, тркалезно чело, затоа мразам да носам залижана коса“, рече Меган, а потоа откри дека таа вечер воопшто не ѝ било добро затоа што малку повеќе шампањ со Блејк Лајвли, Кевин Џонас, Џо Џонас и Ник Џонас.

Веќе не пијам и тоа е причината“, објасни таа.

„После шампањот, бев малку агресивна и реков еден куп глупости што не требаше да ги кажам на црвениот тепих“, откри Фокс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Имено, за време на интервју на црвениот тепих, Меган изјавила дека е маж и дека ѝ е непријатно што е на ваков настан. На прашањето каде се наоѓа нејзиниот поранешен сопруг Брајан Остин Грин, Фокс рекла дека не е таму затоа што тој не сака да биде нејзина придружба.

Меган сега откри дека имала многу проблеми поради тие коментари, додавајќи дека иако не се сеќава што точно рекла, знаела дека тоа не поминало како што треба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Актерката оттогаш отворено зборува во врска со воздржување од алкохол и дрога.

„Не сакам да се чувствувам надвор од контрола. Морам да се чувствувам како да имам контрола над моето тело“, откри Меган Фокс за „Esquire“ во 2013 година.

Видео на денот