Меган Фокс по разводот повторно среќно вљубена

instagram

Актерката Меган Фокс (34), откако се развела од својот 12 години постар сопруг Брајан Остин Грин, со кого беа во брак десет години, била видена со пејачот Машин Ган Кели (30).

Меган Фокс и Машин Ган Кели / Instagram

Двајцата биле забележани како уживаат во романтична вечера, а присутните забележале дека гласно се смееле при заминување од ресторанот, а Меган носела со себе цвеќињата со кои била аранжирана масата.

Меган Фокс и Машин Ган Кели / Instagram

Меган Фокс се појави во еден од музичките спотови на нејзиното сегашно момче. Вчера објави видео запис за неговата песна „Drunk Face“, а Меган неколку пати се појавува во видеото.

Актерката од нејзиниот поранешен брак има три деца, но сега изгледа посреќно од кога било.

Меган Фокс и Машин Ган Кели / Instagram

Оваа фотографија Меган Фокс ја сподели со своите обожаватели и напиша „Болно убаво момче… Моето срце е твое.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот