МЕЃА, причина за масакрот во Приштина, произлегоа страшни детали (ФОТО)

Индексонлајн

Двајца убиени, двајца ранети и неколкумина уапсени, е билансот на крвавата пресметка што се случи среде бел ден вчера во Приштина. Косовските медиуми веќе ги објавија и причините поради кои велат дека се случил овој масакар. Така што според нив меѓа е главната причина за пресметката, во која како што тврдат очевидците беше употребен и калашников.

Семејствата Рафуна и Мехмети се ко-сопственици на зграда во Приштина и за која имале конфликти, што доведе и до масакрот со двајца мртви и двајца ранети. Неодамна, Катастарската канцеларија во Општина Приштина ги подели просторите на секое од семејствата, но се чини дека конфликтот меѓу нив не исчезнал.

Според информациите на Индексонлајн, настанот започнал откако еден член од семејството Мехмети поставил неколку блокови во зоната на семејството Рафуна.

-Семејството Мехмети поставило неколку блокови во меѓата во близина на семејството Рафуна. Еден од членовите на семејството Рафуна со клоца ги отстранил блоковите велејќи „си ги ставил во мојата меѓа –  изјавил извор за Индексонлајн.

Конфликтот продолжил и членовите на семејството Мехмети физички нападнале член на семејството Рафуна. А потоа беше употребено огненото оружје. Две лица биле убиени, додека две други лица се наоѓаат во болница во критична состојба. Полицијата досега уапси две лица.

Топ Чанел
Топ Чанел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот