Меџик Џонсон за Јокиќ: Тој ја менува кошарката пред нашите очи како Џордан, Коби, Леброн…

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма и токму тој е најзаслужен што Денвер за првпат ќе игра во големото финале од НБА лигата.
Јокиќ игра фантастична сезона, посебно во плеј-офот каде што забележа осум трил-даблови со што го сруши рекордот на Вилт Чеберлејн стар 56 години. Сосема заслужено српскиот кошаркар го доби и признанието за МВП во конференциското финале на Западот.
На социјалните мрежи со големи честитки и пофалби за Јокиќ се огласи славниот Ирвинг Меџик Џонсон. Легендата на НБА кошарката го спореди Јокиќ со големи имиња како Мајкл Џордан, Коби Брајант, Шек…
„Џокер ја менува кошарката пред нашите очи како што тоа го правеа Џордан, Лери, Леброн, Стеф, Коби, Карим и Шек“, објави Меџик.
Во финалето Денвер ќе игра против подобриот од серијата на Истокот каде што во овој момент Мајами води со 3:1.
ВИДЕО: Денвер со 4:0 го урна ЛА Лејкерс, Јокиќ прогласен за МВП во финалето на Западот