Медведев со пресврт триумфира на завршниот Мастерс

epa08836632 Daniil Medvedev of Russia celebrates with his trophy after winning against Dominic Thiem of Austria their final match at the ATP World Tour Finals tennis tournament in London, Britain, 22 November 2020. EPA-EFE/ANDY RAIN

Русинот Данил Медведец е нов шампион на завршниот Мастерс турнир кој за последен пат се играше во Лондон откако во финалето го победи Доминик Тим.

Русинот во големото финале на завршниот Мастерс преку пресврт дојде до најголемата победа оваа сезона и тоа со 4:6,7:6,6:4 по два часа и 45 минути игра.

Ова е прв трофеј за Медведев на завршниот Мастерс турнир, а втор сезоната и вкупно девети во кариерата.

Интересно е што Русинот стана првиот тенисер кој на завршниот турнир ги победил најдобрите тројца носители, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Доминик Тим. Тој Ѓоковиќ го совлада во групната фаза, Надал во полуфиналето и сега во финалето беше подобар од Тим.


Првиот сет беше решен само со еден брејк, во петтиот гем и него го направи Тим по што до крајот на сетот со сигурен сервис не му даде шанса на Медведев да се врати во игра.
Вториот сет помина без ниту еден брејк, а во него и двајцата тенисери имаа по само две можности за такво нешто. Во одлучувачкиот гем, Тим поведе со 0:2, но рускиот тенисер ги освои наредните седум поени и дојде до израмнување на 1:1 во сетови.

Во одлучувачкиот трет сет, Данил Медведев беше поодлучен во поените и во петтиот гем успеа да го одземе сервисот на противникот по што до крајот на сетот не му дозволи ниту една брејк шанса и сосема заслужено дојде до титулата.

Медведев до титулата дојде со сите пет победа, а протоа загуби само два сета.  Од наредната па се до 2025 година, завршниот Мастерс турнир ќе се игра во Торино.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот