Медведев со пресврт до титулата на Мастерсот во Париз

epa08808173 Daniil Medvedev of Russia poses with his trophy after winning his final match against Alexander Zverev of Germany at the Rolex Paris Masters tennis tournament in Paris, France, 08 November 2020. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Данил Медведев во големото финале го победи Александер Зверев со 5:7,6:4,6:1 во финалето на турнирот во Париз.

Рускиот тенисер кој цела недела играше одлично на Мастерсот во Париз, до првиот трофеј сезонава, а вкупно осми во кариерата, дојде со пресврт, односно со серија од освоени седум гемови во низа во завршницата од вториот и почетокот на третиот сет.


Во првиот сет и двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис се до 11. гем и до водството на Зверев од 6:5. Тогаш на Медведев му падна концентрацијата на свој сервис и Зверев дојде до 0:40 и три сет топки. Русинот спаси две брејки топки, но не успеа и третата и на крајот Зверев поведе со 1:0 во сетови.

Во вториот сет, Медведев беше далеку подобар и поагресивен тенисер, а таквата игра вроди со плод во завршницата, односно направи брејк за 4:5 и потоа со сигурен сервис успеа да дојде до израмнување во сетови.
Но, тука не заврши серијата на Русинот, тој ги освои наредните четири гемови во одлучувачкиот сет и ги реши дилемите околу победникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот