
Медведев со интересен коментар за суспензијата на Јаник Синер
Светскиот тенисер број еден Јаник Синер се договори со Светската антидопинг агенција (ВАДА) и ќе биде суспендиран во следните три месеци, па ќе се врати непосредно пред Мастерсот во Рим и Ролан Гарос.
Препорачано
Многу интересен коментар за суспензијата на Италијанецот синоќа даде рускиот тенисер Данил Медведев, по поразот од Хамад Меѓедовиќ во полуфиналето на АТП 250 турнирот во Марсеј.
– Се надевам дека отсега сите ќе можат да разговараат со ВАДА и ако кажат: „Го најдовме ова за вас, ќе бидат две години (суспензија), ќе одговорите: „Не, сакам еден месец“. Се надевам дека тоа ќе биде преседан. Во спротивно, ќе биде чудно – рече Медведев.
Потсетиме дека Синер двапати беше позитивен на допинг тест во март минатата година на забранетата супстанца клостебол, но Меѓународната агенција за интегритет во тенис го ослободи од обвиненијата. ВАДА ја обжали таа одлука пред Судот за спортска арбитража.
Утврдено е дека Синер има многу мала количина клостебол, недоволна да влијае на неговата игра, а контаминацијата наводно била предизвикана од крем за масажа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
30мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5