Медведев: Секој упад на Крим ќе биде објава на војна на Русија

Дмитриј Медведев / Фото EPA-EFE/YULIA ZYRYANOVA

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека секој упад на полуостровот Крим од страна на земја-членка на НАТО може да претставува објава на војна на Русија, што може да доведе до трета светска војна.

„За нас, Крим е дел од Русија. А, тоа значи засекогаш. Секој обид за продирање на Крим е објава на војна во нашата држава…А, ако тоа го направи членка на НАТО тоа значи судир со целата северноатланска алијанса. Трета светска војна. Целосна катастрофа, рече Медведев, сега заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, за новинската интернет страница Аргументи и Факти.

Тој исто така рече дека Русија, доколку Финска и Шведска влезат во НАТО, ќе ги зајакне своите граници и ќе биде „подготвена за одмазда”, а тоа би можело да ја вклучи можноста за поставување хиперсонични ракети Искандер на „нивниот праг”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот