Медведев: Секако дека би сакал Ѓоковиќ да игра на „УС Опен“

Новак Ѓоковиќ чека добри вести од САД за настап на „УС Опен“/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

По Мастерсот во Монтреал, Данил Медведев го задржа првото место на АТП листата, а потоа му следуваат турнирот Синсинати и „УС Опен“ каде брани 2.000 поени. Лесно може да се случи првото место да му испадне од раце, особено доколку Рафаел Надал го добие трофејот на некој од тие турнири.

Но, има уште еден играч кој би можел да му ги „замрси сметките“ на Русинот кога е во прашање кревањето на трофеи. Прашање е дали на Новак Ѓоковиќ ќе му биде дозволен влез во САД бидејќи не е вакциниран, но Медведев вели дека би сакал да го види Србинот во Њујорк.

– Јас ништо не можам да направам. Правилата ги поставува американската влада и не знам дали тоа може да се смени. Доколку ме прашувате мене, сигурно би сакал Ѓоковиќ да игра. Сакам кога на турнирот се најдобрите играчи во светот. Тој ова лето освои Грен слем. Таа борба за најмногу слемови со Рафа е супер напната и многу интересна. Би сакал да го видам во Њујорк – рече Медведев во Синсинати.

Таму се игра последниот Мастерс пред „УС Опен“, на кој Ноле не може да дојде како невакциниран странец.

Српскиот ас нема да може да го симне Медведев од првото место до крајот на сезоната, но можеби ќе има добри шанси доколку игра во Монтреал и Синсинати. Во Канада, Медведев беше елиминиран од Ник Кирјос во раната фаза на турнирот.

Мекинро: Сите во САД се забавуваат, а Новак не може да игра на УС Опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот