Медведев се закани дека Русија ќе стигне до Киев и пошироко

Dmitry Medvedev. EPA-EFE/EKATERINA SHTUKINA / SPUTNIK / KREMLIN POOL

Русија треба да ја направи својата специјална воена операција „експлицитно екстратериторијална“, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

„Од овој момент, специјалната воена операција мора да стане експлицитно екстратериторијална. Ова веќе не е операција за враќање на нашата земја и казнување на нацистите. Можеме и треба да навлеземе подлабоко во веќе постоечката Украина, кон Одеса, Харков, Дњепропетровск, Миколаев. Кон Киев и пошироко“, напиша тој на Телеграм.

Изјавата на Медведев уследи откако украинските сили извршија десетици напади на територијата на Русија. Во текот на вчерашниот ден жестоко беше нападнат Курскиот регион, а претпладне имаше информации дека гори и Белгород.

Како што тврди руската страна, на тоа подрачје биле извршени 86 напади.

Рускиот претседател Владимир Путин  во вонредното обраќање  до нацијата, нападите ги оцени како  голема провокација. Сепак, тој не кажа каков одговор ќе преземе Русија за нападите на нејзина територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот