Медведев против Надал за титулата на „Австралија опен“

Данил Медведев го дели уште една победа до својата втора грен слем титула/Мелбурн, Австралија/28 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Данил Медведев го победи Стефанос Циципас со 3:1 (7:6, 4:6, 6:4, 6:1) и се пласираше во финалето на „Австралија опен“.

Противник на рускиот тенисер во битката за грен слем титулата во Мелбурн ќе биде Рафаел Надал кој претходно го елиминираше Матео Беретини.

Медведев во полуфиналето покажа постабилна игра од претходниот меч против Феликс Оже-Алијасим и можеби полесно од очекуваното го совлада Гркот.

Русинот на тој начин се пласираше во своето четврто грен слем финале во кариерата, а ќе се бори за своката втора грен слем титула во кариерата, првата ја освои лани на „УС Опен“.

Минатата година во финалето на „Австралија опен“ Медведев загуби од првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот