Медведев ограбен додека играше финале во Торино, остана без часовник вреден 200.000 евра

Медвиден доживеа непријатно искуство во Торино/ фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Рускиот тенисер Данил Медведев во неделата загуби во финалето на зарвшниот АТП мастерс од Александер Зверев, а потоа доживеа уште еден шок во соблекувалната, беше ограбен.

Според италијанскиот весник „Ла Стампа“, додека играше против Зверев, на Медведев од соблекувалната му бил украден скапоцен часовник вреден околу 200.000 евра. Вредноста на часовникот „Бовет Отантасеи Турболион“ е толку голема бидејќи е изработена во ограничена серија и направени се само 86 примероци.

Кражбата е пријавена нешто пред полноќ, а крадецот е пронајден уште вечерта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот