Медведев: Нуклеарната закана не е блеф

Дмитриј Медведев/ Фото EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY /

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека Русија има право да користи нуклеарно оружје „ако е потребно“ и дека тоа „секако не е блеф“, пренесува Ројтерс.

Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, рече дека Москва ќе мора да одговори на заканите и доколку тоа биде „надвор од нејзините граници“.

Тој предупреди дека Русија ќе одговори „без многу консултации“ бидејќи се зголемуваат тензиите со Западот поради дискредитираните референдуми што се одржуваат за тоа дали територијата окупирана од Русија треба да се приклучи на Руската Федерација.

Пишувајќи на Телеграм, Медведев вели дека НАТО „нема директно да се меша во конфликтот дури и во ова сценарио“.

Путин неделава може да објави анексија на окупираните региони на Украина, тврди Британија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот