Медведев: Како резултат на моменталните настани, Украина може да исчезне од светската карта

Дмитриј Медведев / Фото EPA-EFE/YULIA ZYRYANOVA

Поради расплетот на настаните, Украина како држава може да исчезне од светската карта, напиша денеска на Телеграм, заменик – претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

„По државниот удар во 2014 година, Украина ја изгуби независноста на државата и падна под директна контрола на колективниот Запад, а почна да верува и дека НАТО ќе ја гарантира нејзината безбедност. Како резултат на сите моментални настани, Украина би можела да го изгуби и тоа што остана од нејзиниот државен суверенитет и да исчезне од светската карта”, смета Медведев.

Тој нагласи и дека „украински криминалци дефинитивно ќе бидат кривично гонети за злосторства извршени над народот на Украина и на Русија”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот