Медведев има неверојатна година, го освои и Шангај! (ФОТО)

twitter.com/UbiTennisEng

Данил Медведев е шампион на Мастерс турнирот во Шангај (Кина), денеска рускиот тенисер во големото финале го совлада Германецот Александер Зверев со 6:4 и 6:1.

Медведев го играше шестото финале по ред, деветто во 2019 година, а ја освои четвртата титула оваа сезона. Русинот по вторпат во кариерата триумфираше на турнирот од серијата 1000, неодамна беше најдобар и во Синсинати (САД).

Исто така е во серија од девет последователни победи без загубен сет, славеше на 29 од неговите 32 последни натпревари. Тој е и лидер во сезоната со 59 победи.

Ова беше прва победа во меѓусебните дуели со Зверев, на денешниот меч покажа уште позрела игра од ривалот, посигурно и делуваше многу подобро подготвен.

Германецот само на моменти покажуваше игра каква што се очекуваше од него, во клучните моменти правеше грешки, па не можеше да му парира на противникот кој е во налет.

Медведев го очекува нов настап, се пријави и за домашниот турнир во Москва кој ќе стартува в понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот