Медведев го зеде скалпот на Ѓоковиќ

Русинот Данил Медведев приреди вистинска сензација  со пласманот во финалето на Мастерс турнирот во Синсинати. Успехот на Медведев добива на тежина поради големата победа во полуфиналето над првиот носител и бранител на трофејот, Новак Ѓоковиќ.

Првиот сет му припадна на Ѓоковиќ кој рутински го доби со 6:3, но во вториот сет и третиот сет се смени сликата на теренот. Русинот беше тој што ја имаше контролата врз играта, и на два пати со по 6:3,6:3 успеа да го победи првиот тенисер на АТП ранг листата.

– Минатата недела во финалето во Монтреал против Надал освоив само три гемови, така што сум пресреќен со играта која ја прикажав против еден од најдобрите тенисери во историјата. Да се победи Новак е големо достигнување, но јас на секој дуел играм на  победа и сега тоа ми се исплатеше – изјави Медведев.

Русинот во денешното финале ќе се сретне со Давид Гофан кој за прв пат игра во Мастерс финале. Гофан во полуфиналето беше поуспешен од Ришар Гаске во два сета и тоа со 6:3,6:4.

Кај дамите, во финалето ќе се сретнат Светлана Кузњевица и Мишел Кис кои беа поуспешни од Ешли Барти со 6:2,6:4, односно Мишел Кенин со 7:5, 6:4..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот