Медведев го предупреди Милановиќ дека Киев ќе му се одмазди за изјавите за Украина

милановиќ медведев
милановиќ медведев

Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател, а сега потпретседател на Советот за национална безбедност и близок соработник на Путин, го предупредил хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека е под сериозна закана на Киев кој наскоро планира да му сеодмади поради неговите изјави за и околу Украина

Медведев на својот канал Телеграм напиша дека на Милановиќ му се заканува одмазда за неговите ставови и изјави за Украина и Русија.

„За новите непријатели на Украина“, гласи насловот на пораката на поранешниот руски претседател на каналот на социјалната мрежа Телеграм објавен вчера.

Медведев пишува дека „Украина станува се повеќе терет за западните спонзори без никаква добивка “ и дека „Американците се уште се плашат“од Русија

Јасно е дека секогаш има малку оружје, платеници и пари.Алчните европски лидери не сакаат да ја издвојат вистинската фигура.Не ги ценат оние кои ја подржуваат борбата против тиранијата .Лидери како што се хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан Западот сега ги смета двајцата за непријатели и им порачува – Страдајте!“. пишува Медведев.

Тој смета дека наскоро ќе следи одмазда поради постапките на Зоран Милановиќ.

„Наскоро, во европските престолнини, украинските нацисти ќе ги потиснат непожелните газди и ќе го „одделат детето од мајката“. Затоа, претседатели и премиери на Франција, Германија, Италија – внимавајте. И вие сте им сомнителни“, заклучи Медведев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот