Медведев елиминиран уште во второто коло во Синсинати

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL EDITORIAL

Рускиот тенисер Данил Медведев, кој во Синсинати пристигна како еден од главните кандидати за титулата, доживеа елиминација уште во второто коло.

Медведев беше поразен од Јиржи Лехечка со 2:0 во сетови (6:7. 4:6). За поразот на Медведев клучни беа трите пропуштени брејк-топки на Русинот во првиот сет.

Лехечка го искористи тоа и поведе со 1:0. Во вториот сет одново Медведев имаше две брејк-топки во низа, но Чехот на крајот ја искористи својата шанса и дојде до победа. Противник на Лехечка во третото коло ќе биде Френсис Тиафо.

За Медведев сега преостанува да се подготвува за САД Опен, турнир кој започнува на 26 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот