Медведев е „кралот“ на Торонто, четврта мастерс титула во кариерата

Медведев е првиот Русин освојувач на „Роџерс купот после Сафин/Фото: EPA-EFE/WARREN TODA

„Кралот“ на Торонто е Данил Медведев. Вториот тенисер на светот го освои „Роџерс купот“ после триумфот против Американецот Рејли Опелка после два сета – 6:4, 6:3, за еден час и 27 минути игра.

Ова е четврта мастерс круна за рускиот тенисер. Не се прослави на „Вимблдон“ каде стигна до осминафиналето, на Олимписките игри застана во четвртфиналето, а сега потврди дека традиционално добро игар на тлото на Северна Америка.

За рускиот тенисер ова е трета титула во оваа година после Марсеј и Мајорка, но најзначајна бидејќи се работи за мастерс, односно турнир од серијата 1.000.

Медведев е првиот Русин освојувач на „Роџерс купот“ после Марат Сафин во 2000 година.

После Торонто најдобрите тенисери на светот се селат на мастерсот во Синсинати. Турнирот во Охајо ќе биде последна проверка пред „УС Опен“, последниот грен слем сезонава, турнир со најголем награден фонд.

Видео на денот