Медведев без загубен сет полуфиналист на „УС Опен“! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Го дознавме и третиот полуфиналист кај мажите на грен слем турнирот „УС Опен“, во меч на руски тенисери Данил Медведев од Андреј Рублев со резултат 7:6 (6), 6:3 и 7:6 (5) за скоро два и пол часа игра.

Интересен е податокот што Медведев до полуфиналето стигнува без загубен сет, во претходните натпревари со 3:0 во сетови ги елиминираше Делбонис, О`Конел, Волф и Тиафо.

Моментно петтиот тенисер на светот дојде на чекор од минатогодишниот успех, кога стигна до финалето во кое беше поразен од Рафаел Надал.

Веќе е формирана првата полуфинална двојка, Шпанецот Пабло Карењо Буста ќе ги одмери силите против Александар Зверев.

Медведев за пласман во големото финале во Њујорк ќе игра против Алекс де Минаур од Австралија илик Австриецот Доминик Тим.

УС Опен: Заврши бајката на Пиронкова, Вилијамс со пресврт до полуфинале! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот