Медиумските гиганти Си-Би-Ес и Вајаком се спојуваат во заедничка компанија - Слободен печат

Медиумските гиганти Си-Би-Ес и Вајаком се спојуваат во заедничка компанија

Компаниите Си-Би-Ес (CBS) и Вајаком (Viacom), што се сметаат за гиганти на програмата за забава, треба да се спојат според нов деловен договор. Тој потег ќе следи за да се прилагодат на променливите потреби на публиката, јави Би-Би-Си.

Новата компанија ќе има приход од над 28 милијарди долари, а ќе вклучува брендови како MTV, Comedy Central и Showtime. Новиот договор ќе спои две компании што беа под ист корпоративен чадор пред расколот во 2006 година.

Потегот се презема во услови на зголемената популарност на конкуренцијата од Нетфликс, Дизни и други ривали. Заедничката компанија ќе се вика ВајакомСи-Би-Ес (ViacomCBS) и ќе биде контролирана од холдинг компанија во сопственост на милијардерот Самнер Редстоун и неговата ќерка Шари.

Во изминатиот период се случија најмалку три обиди за спојување, но сите пропаднаа поради судир на директори и инвеститори околу тоа кој ќе ги добие најдобрите позиции. Сега е објавено дека извршниот директор на Вајаком, Боб Бакиш, ќе биде претседател и извршен директор на заедничката компанија, додека привремениот извршен директор на Си-Би-Ес, Џо Јаниело, ќе биде именуван за претседател и шеф на Си-Би-Ес.

Компаниите очекуваат заштеда од околу 500 милиони американски долари годишно по спојувањето.

Прочитај повеќе

Колинда по истекувањето на мандатот ќе го искористи правото на плата и канцеларија

Слободен печат

Силниот земјотрес во Турција фатен во живо во телевизиско студио (ВИДЕО)

Слободен Печат

Дожд од игуани на Флорида поради ниските температури (ВИДЕО)

Слободен Печат

Најмалку 11 загинати во нов милитантен напад во Алепо

Слободен Печат

Расте билансот на жртви и повредени во стравичниот земјотрес во Турција

Слободен печат

Научник пред три месеци ја предвиде епидемијата: Колку е опасен корона вирусот?

Слободен Печат

Остави Коментар

1 × four =

Прочитај повеќе

Астероид ескплодираше во близина на Земјата, неговите остатоци се разлетаа во Северна Америка (ВИДЕО)

Слободен печат

Се зголемува бројот на повредени: Опожарена зграда по разорниот земјотрес во Турција (ВИДЕО)

Слободен Печат

Пендаровски и Мишел се согласија дека иднината и судбината на Македонија е европска

МИА Агенција

Османи: Македонија е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ

Слободен Печат

Поглед во Вухан – епицентарот на епидемијата на опасниот корона вирус

Слободен печат

Научниците ги открија причините за најголемата експлозија во Вселената

Слободен Печат