Медиумскиот тајкун Џими Лај е уапсен во Хонгконг за измама
Медиумскиот тајкун и продемократски симпатизер на Хонгконг, Џими Лај е обвинет за измама и е затворен до судско рочиште закажано за април 2021 година, објави денеска Би-Би-Си.
Судот денеска ја отфрли кауцијата поради обвиненија дека тој незаконски ги користел просториите на неговата компанија.
Тој беше уапсен три дена откако беа уапсени истакнати продемократски активисти, а затворањето ги зголеми стравувањата од можна полициска акција против активисти и медиумски личности кои се на удар поради новиот контроверзен закон за безбедност, додава Би-Би-Си.
Кина соопшти дека новиот закон „ќе ја врати стабилноста на територијата една година по избувнувањето на немирите”, но критичарите велат дека законот „има за цел да ги замолчи неистомислениците”.
Лај во 2008 година имал богатство од 1,2 милијарди долари, а во 2020 година тоа изнесува помалку од милијарда долари.