Медиумите опфатени со четвртиот сет мерки, се бара решение за трајна финансика одржливост

Фото: Драган Митрески, 13.07.2020, ДИК

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека новинарите, медиумите и медиумските работници се опфатени со четвртиот сет мерки за справување со економските последици од корона-кризата, но најави дека има планови во соработка со експерти од Европската делегација во земјава да се направат пакети за финансиска одржливот на медиумите и по завршување на кризата.

-Новинарите, медиумите медиумските работници се опфатени со четвртиот сет на мерки, со тоа што сега може да аплицираат и до бруто минимални плати, не само 14.500 туку стига до 21.770 денари. Во претходните пакети ги ослободивме од оврската за плаќање на лиценците кои ги вадат секоја година, директно преку АЕК помогнавме за одредени права на медиумите и продолжуваме и натаму. Верувам дека во скоро време ќе биде даден предлог од МИОА за укинување на членот 102 односно негова промена за да може да ги помогнеме медиумите преку остварување договори со јавни претпријатија општини и слично во делот на нивната транспарентност и спроведување на нивните ослуки како што се седниците на управни одбори, на совети…, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање пово рамки на отчетот за стработеното на Владата во првите 100 дена.

Тој појасни дека со дел од медиумската заедница во која се вклечени и националните концесионери и кабелските оператори разговараат генерално за одредена трајна одржливост на македонските медиуми без разлика дали се национални, раегионални, локални, радиостаници, кабелски телевизии…

-Се бара трајно решение за чие изнаоѓање е поканета и европската делегација да ни дадат експерти за да го формираме она што е најдобро за нас, а поучени од европските искуства во делот на невлијание на медиумите, а сепак обезбедување нивна дополнителна финансиска одржливост заради тоа што сите заедно заклучивме дека треба да развиваме и такви пакети. Не само заради Ковид-19, секако заради и поради тоа  се добродејдени, но и по Ковидот ќе бидат на сила, а тоа дополнително ќе ја зголеми транспарентноста на државата и информираиста на граѓаните, рече премиерот Заев. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот