Медиумите на Орбан со тврдење: Американските избори се наместени, станува збор за манипулација

Фото: EPA-EFE/Szilard Koszticsak HUNGARY OUT

Медиумите блиски до унгарските власти пренесуваат обвинувања за манипулација на американските претседателски избори што ги повторува Доналд Трамп, пријателот на Унгарија како што мисли премиерот Виктор Орбан.

– Голема напнатост во Америка по бројните показатели за манипулации, пишува на насловната страница на порталот Origo.hu., главно провладино гласило во земјата чиј националистички лидер е критикуван за авторитаризам.

Опишувајќи го претседателот на САД како пријател на Унгарија, Орбан денеска во разговор за државното радио оцени дека „Соединетите Американски Држави по таквите избори повеќе нема да можат да критикуваат други“.

Орбан: Отсекогаш бев со Трамп

Унгарскиот премиер оцени дека „билатералните и економски односиу меѓу Унгарија и САД се наоѓаат на највисоко ниво по стапувањето на должност на Трамп“.

– Секогаш бев со претседателот Трамп, рече Орбан.

Орбан во 2016 година стана првиот европски функционер кој ја поддржа кандидатурата на Доналд Трамп и таа поддршка јасно и гласно ја повтори во септември. За време на неговата посета на Вашингтон лани, Трамп го претстави како „лидер кој ужива углед во цела Европа“.

Бајден во минатото често го критикуваше Орбан

Кога Џо Бајден говореше за Унгарија во минатиот месец, му префрли на Трамп „дека му се допаѓаат сите насилници во светот“.

Кога, пак, Бајден беше потпретседател во администрацијата на Барак Обама, Виктор Орбан беше редовно изложен на критики за кршење на слободата на медиумите, на правдата и на цивилното општество.

На некои унгарски функционери, поради обвинувања за корупција, им е забранет влез во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот