Медиумите конечно ја „уловија“ Пипа Мидлтон на прошетка со бебето! (ФОТО)

Фотографија: Profimedia

Прекрасната Пипа, сестрата на војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, минатата година на светот го донесе своето прво дете, а од тогаш прилично успешно им се крие на папараците.

Иако со години го пратат секој нејзин чекор, Пипа Мидлтон изгледа дека конечно успеа да ја скрие приватноста подалеку од очите на јавноста.

Profimedia

За се е „крив“ нејзиниот син Артур, кој се роди во октомври минатата година во една лондонска болница и на кого оваа насмеана мајка е максимално посветена.

Profimedia

Јавноста не е запознаена со премногу детали од нејзиниот живот, но едно е сигурно: На Пипа одлично и годи мирниот семеен живот со менаџерот Џејмс Метјуз и нивниот син. Англиските папараци ја забележале за време на прошетка со малиот Артур, додека весело разговарала на мобилен, а весниците веднаш приметиле дека започнала да ѝ побелува косата.

Profimedia

Што се однесува до нејзиниот изглед, Пипа се определила за streetstyle: skinny фармерки, патики и топол есенски капут, а мајките ќе ги интересира тоа и дека одбрала многу практична количка со поголема корпа, идеална за завршување на обврските кога мајката и бебето се сами во текот на денот.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот